Димевски и Дамески го водеа Работнички до триумф кај Партизан

Тимот на Работнички стигна до убедлива победа на гостувањето кај Партизан Гевгелија со 23-38, во натпревар од 15 коло во Првата лига и ја продолжува трката по плеј-оф.

Во првите петнаесетина минути се играше најчесто гол за гол, но по 7-8, гостите направија голема серија од седум гола заа 7-15 и го направија првиот чекор кон победа и три бода.

Второто полувреме беше само формалност и домашните колку и да се трудеа немаа шанси против расположените играчи на Работнички.

На крајот убедлива победа од 15 голови разлика за гостинската екипа, во која најдобри стрелци беа Давид Димевски со девет и Стефан Дамески со седум гола, а кај Партизан се истакна Горан Лисичков со девет погодоци.