Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, браќата Петар и Павле Атанасијевиќ по настапите за младинската селекција, во ноември лани добија повик од селекторот Кирил Лазаров за А националниот тим. Павле доби шанса со репрезентацијата да патува за Каиро и да има скромна минутажа во двомечот со Египет.
На нив се сметаше и за Европското првенство во јануари во Унгарија и Словачка, но бидејќи не беа вакцинирани против Ковид-19, не можеа да се најдат на поширокиот список (според правилата на ЕХФ).
„Причината е едноставна – нè сакавме да се вакцинираме! Родителите ни рекоа дека сме доволно возрасни сами да одлучиме што сакаме да правиме и ние одлучивме да не се вакцинираме. Зошто не сакавме – нема конкретна причина“, вели Павле.
Факт е дека таквата одлука беше пречка да влезете во А репрезентацијата, а со тоа ја пропуштивте, можеби, и шансата, можеби за прво учество со сениорите на едно големо натпреварување.
„Свесни сме за тоа, и многупати имаме зборувано, но веруваме дека сме уште млади, дека времето е пред нас и дека ќе имаме нова шанса. На моменти жалиме што првата можност ја пропуштивме, но тоа е минато, мора да се фокусираме на она што е пред нас и дека ќе ја искористиме веќе следната шанса која ќе дојде“, дециден е Петар.
Комплетното интервју со Петар и Павле прочитајте го подолу.