Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Марко Вигњевиќ, својата кариера ја продолжува во Бундес лигата и во следните две и пол сезони ќе го носи дресот на Минден.
Потенцијалниот српски репрезентативец првите чекори во својата кариера ги направи во редовите на Бачка Паланка, а во последните четири и пол сезони го носеше дресот на Спачва Винковци од Хрватска.
Во оваа сезона на 14 одиграни натпревари во најсилната лига во Хрватска, Вигњевиќ постигна 114 погодоци. Неговите одлични партии низ Хрватска беа забележани од раководството на бундеслигашот, кој реши во иднина да соработува со перспективниот ракометар од Србија.
Вигњевиќ со Минден се договори на соработка до 30 јуни, 2024 година. Екипата на Минден во Бундес лигата се наоѓа на последното место со само осум бодови, но има шанса да обезбеди опстанок во најсилната лига на светот.