Екипата на Вардар дојде до значајни два бода на гостувањето во Франција кај Монпелје и успеа да остане непоразен и во петтото гостување кај овој тим откако одигра одлични 60 минути и дојде до триумф од 28:25
Од почетокот на натпреварот се виде дека подготвеноста и мотивираноста кај ракометарите на Вардар е на високо ниво. Сите влегоа одлично во средбата и го покажаа најдоброто на теренот. Томовски запре неколку удари, одбраната одработе на потребното ниво, додека во нападот се користеа шансите и се градеше убава предност.
Иако неколкупати Монпелје се врати, а имаше еднаш и предност при 6:5, сепак, Вардар беше постојано во предност. Кога во 21. минута обезбеди 11:7 веќе немаше дилеми кој ќе биде во водство на одмор. Предноста беше задржана, а Вардар имаше 14:10 после 30 минути игра.
Вториот дел почна со гол на вардарци за 15:10, па ова беше знак дека домашните ќе мора да ризикуваат. Во 37. минута беше 17:13, но тука Монпелје почна да игра со седуммина во напад што беше ризик со оглед на тоа што Вардар знае да игра одбрана во ваква ситуација и лесно се пресекуваа топки и во 41. минута резултатот беше 21:13.
Овие плус осум отворија можност за одлично продолжение на средбата, а Вардар продолжи со одлична одбрана. Томовски одново помагаше со оглед на тоа што до средината на второто полувреме не мораше многу да интервенира бидејќи неговите колеги одлично ја завршуваа својата задача во одбраната.
Сепак, како што се доближуваше средбата кон крај така почна опуштањето. На десет минути до крајот домашните се вратија на четири разлика. Вардар имаше само 24:20.
Водството се чуваше искусно во текот на последните десет минути. Имаше можности да се зголеми, но главно предноста се движеше околу четири гола. Монпелје успеа да намали до три гола, но Вардар издржуваше. До два гола разликата падна на 40 секунди до крајот од средбата кога Монпелје немали на 25:27. Сепак, Моралес биеше за 28:25 и го постави конечниот резултат за победа на овој дуел и големи и важни два бода.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А – ТАБЕЛА