По завршувањето на дел од континенталните шампионати, веќе се познати 15 учесници на Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година.
Останатите 17 места треба да бидат пополнети до крајот на јуни со завршувањето на Првенството на Северна Америка и Кариби (1), Африканското првенство (5), Европските квалификации (9), а ќе бидат доделени и две вајлд-карти.
Машката репрезентација на Македонија ќе има две пречки за да го продолжи континуитетот настапи. Првата е Романија, а доколку ја мине, ќе се соочи со Чешка за место на СП.
Мундијалот ќе се игра од 11 до 29 јануари 2023 година. Домаќини ќе бидат девет градови – Гдањск, Краков, Катовице, Плоцк, Стокхолм, Малме, Гетеборг, Јонкопинг и Кристијанштад. Светскиот првак Данска има директно место на Мундијалот, како и двата домаќини. Во продолжение прочитајте како се распределени местата по континенти и федерации.
Светско првенство 2023, Полска и Шведска, учесници:
Домаќин: 2 (Полска, Шведска)
Светски шампион: 1 (Данска)
Африка: 5
Азија: 5 (Катар, Бахреин, Саудиска Арабија, Иран, Јужна Кореја)
Европа: 12 (3+9) (Шпанија, Франција, Норвешка)
Северна Америка и Кариби: 1
Јужна и Средна Америка: 4 (Бразил, Аргентина, Чиле, Уругвај)
Вајлд карта: 2
Европа ќе има 15 места (три селекции се пласирани – Данска, Полска и Шведска, од ЕП 2022 места обезбедија Шпанија, Франција и Норвешка, па остануваат уште девет места) за следниот Мундијал, а квалификациите ќе се одвиваат во две фази во март и април.