Стрелец на победничкиот гол за селекцијата на Шведска беше десното крило Никлас Екберг, кој погоди од пенал за 27-26 и европска титула.
Екберг на овој меч шутираше само пенали, вели дека исто е кога се шутираат вакви удари, сеедно дали на крај или на почеток.
„Радосен сум. Се гордеам со мојата репрезентација. Ретко можете да најдете таков сплотен колектив, на терен и надвор од него. Неверојатно е чувството. Во многу натпревар покажавме дека не ни е важно против кој играме, секогаш веруваме во себе. Таков шут како последниот сум имал милион пати во кариерата. Нема разлика, кога ќе шутираш дали на почеток или на крај. Тоа е чиста психолошка игра меѓу тебе и голманот“, вели Екберг.
Шведска славеше против Шпанија со 27-26 и се врати на европскиот трон по цели 20 години.