На последниот ден од Европското првенство во Унгарија и Словачка, но пред одигрувањето на натпреварите за медали, познат е ол-стар тимот.
Најкорисен играч на континенталниот собир е шведскиот среден бек Џим Готфридсон, кој одигра маестрално на полуфиналниот меч со Франција.
Најдобро лево крило на ЕП е Црногорецот Милош Вујовиќ, додека левиот и десниот бек доаѓаат од Данска, Хансен и Гидсел.
На десната страна Гомез Абељо немаше конкуренција, додека најдобар пикер е Јоханес Гола.
Најдобар плејмејкер е Лук Стеинс, а на голманската позиција доминираше Виктор Халгримсон од Исланд, додека најдобар дефанизвец е Бергендал од Шведска.