Гијом Жил се враќа на клупата, Франција со селекторот против Шведска

Откако доби два негативни теста по ред, селекторот на Франција, Гијом Жил, може да се врати на клупата.

Тој беше позитивен на коронавирус пред седум дена, па мораше да помине пет дена во изолација и потоа да добие уште два негативни теста.

Франција со триумфот на Данска се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, а таму ги чека Шведска.

Скандинавската селекција исто така во последното коло го решаваше својот пласман во борбата за медали со триумфот над Норвешка.

Мечот меѓу Франција и Шведска се игра вечерва од 20:30 часот во „МВМ Арена“ во Будимпешта.