Репрезентациајта на Белорусија го заврши настапот на Европското првенство во Словачка и Унгарија уште во прелиминранта групна фаза. Како и останатите репрезентации и Белорусите имаа многу проблеми со коронавирусот.
Ракометарот на Мешков Брест, Андреај Јуринок за сајтот на клубот зборуваше за условите во карантинот во Братислава во кој се наоѓаат со Влад Кулеш откако добија позитивни тестови на коронавирусот.
„Болки во грлото, течење на носот, првиот ден беше многу тешко. Ужасно ме болеше главата и ме болеа коските. Лежев во кревет и не можев да станам, но сега е подобро. Мислев ќе помине брзо, се вакцинирав три пати. Добив поитивен тест после мечот со Полска, во слободен ден. Бевме во иста соба со Влад Кулеш, и нему му беше потврден коронавирус и се уште е тука со мене во Словачка. Направивме тестови пред некој ден и уште се позитивни. Следното тестирање го имаме денеска. Во хотелот е строг карантин, никој не смее излезе од соба, можеме само на балконот. Да го посетам Кулеш нема шанси, храната ни ја носат во соба и морам да кажам дека е добра“, рече Јуринок.
Белорусите на првенството одиграа добро прво полувреме против Германија, а потоа се тргна наопаку и доживеаја три порази за рана елиминација од првенството.