По повлекувањето на Никола Прце од репрезентацијата на БиХ, уште еден ракометар реши да каже крај на својата репрезентативна кариера.
Искусниот пикер и член на Мешков Брест, Владимир Врањеш по елиминацијата на БиХ на Европското првенство во Унгарија и Словачка одлучи да продолжи да игра само на клупско ниво.
Прце и Врањеш беа меѓу најискусните во редовите на БиХ и секогаш меѓу главните актери на терен кои го давале максимумот за својата репрезентација.
Врањеш од 2009 година беше член во репрезентацијата на БиХ. Настапи на вкупно 82 меѓународни натпревари и постигна 132 погодоци.
Од 2020 година настапува за шампионот на Белорусија, Мешков Брест. Претходно беше дел од Татабања, ПИК Сегед, Адемар Леон и Борац Бања Лука.