Прблемите со повреди и со заразени ракометари ја ослабеа слекцијата на Хрватска пред вториот круг на Европското првенство. Откако и голманот Мате Шуњиќ доби позитивен тест на Ковид-19, Хрвоје Хорват мораше да повика замена на голманската позиција.
Селекторот се одлучи за Мирко Алиловиќ кој последен пат го носеше националниот дрес во 2018 година. Во конкуренција за настап беше и Марин Шего кој е разочаран после одлуката селекторот уште еднаш да го изостави од репрезентацијата.
„Во репрезентацијата на Хрватска имам поминато многу работи. Некои работи не можам да ги дожиевам како на 20 години. Сега како човек на 36 години и многу поминати километри во ракометот, многу добри клубови и доста освоени награди, некој да не може да ме повика и да ми каже „Марин сакаш или не сакаш да си дел од репрезентациајта или сметаме на тебе или не сметаме на тебе“, едноставно е смешно“, рече Шего за net.hr.
Репрезентцијата на Хрватска со многу измени ќе го стартува вториот круг на првенстовто, а прв противник ќе им биде селекцијата на Црна Гора. Натпреварот се игра денеска со почеток во 15:30 часот.