Репрезентацијата на Хрватска се соочува со проблеми бидејќи има нови играчи кои се позитивни на Ковид 19, а поради истите причини селекторот Хрвоје Хорват мораше да направи одредени измени. Иако веќе поимна карантинот за Домагој Дувњак, тој на ова првенство нема да може да им помогне на колегите и според информациите отпадна од комбинација за настап.
Причините, сепак, не се во тоа што имаше коронавирус и мораше во изолација туку поради болки во грбот поради кои и порано имаше проблеми. Сега одново чувствува болки и докторите сметаат дека би бил преголем ризик да настапи на овој шампионат бидејќи би можело да дојде до влошување на истата.
Играчот сака да им помогне на колегите и да игра, но докторите се тие кои се прашуваат во моментов и кои би требало да кажат дали може или не може да игра.
Засега тој не е во комбинација и не е во можност да игра, но останува да се види како ќе се одвиваат работите следните денови. Доколку Хрватска добие шанса за да се бори за полуфинале тогаш нема да биде никакво изненадување доколку во последен момент биде вклучен во комбинација за настап.