Поранешниот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, Лино Червар за порталот „Index.hr“ ја анализираше играта на хрватската репрезентација од првата фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Екс тренерот на Металург даде свој коментар и за репрезентациите на Исланд и Холандија, кои според него се најубавата приказна на ЕП, но исто така ги коментираше останатите учесници.
„Многу тврдеа дека Португалија е силата која доаѓа, но играта на Португалија се заснова на само неколку Кубанци. Паднаа Норвежанците, Словенците, а Швеѓаните играат лошо. Србите без никаква причина летаа во облаци“.
Червар во два наврати беше селектор на репрезентацијата на Хрватска, од 2002 до 2010 години и од 2017, па сѐ до јануари 2021 година.