Кружниот напаѓач Дејан Камчев ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата и ќе игра во Скандинавија.
Македонецот кој беше дел од прволигашот Преспа од Ресен во пролетниот дел од сезоната ќе настапува за шведскиот тим Никопинг.
Овој тим е дел од Втората лига на оваа скандинавска земја и полусезоната ја заврши на четвртото место.
Освен за Преспа Ресен, Камчев во Македонија своевремено настапуваше и за тимот на МРК Вардар.
Камчев беше еден од најдобрите и најискусни играчи во составот на Преспа, па тимот од Ресен ќе мора без него да се снаоѓа во продолжение од сезоната.