За ракометарот од редовите на репрезентација на БиХ, Никола Прце, натпреварот против Шпанија во рамките од групната фаза на ЕП беше последен во неговата репрезентативна кариера.
БиХ не успеа да ја запише првата победа на Европското првенство, но во текот на сите 60 минути, избраниците на Ивица Обрван резултатски беа во игра против моќната Шпанија.
Никола Прце против Шпанците запиша три погодоци од четири обиди. За репрезентацијата на БиХ одигра вкупно 199 официјални натпревари на големите натпреварувања и постигна 444 погодоци во репрезентативниот дрес.
41-годишниот ракометар по крајот на својата кариера ќе се посвети на клупските настапи. Моментално настапува за екипата од Косово, Беса.