Марко Мишевски освен вообичаените одбранбени задачи, на дуелот со Данска покриваше и во напад и заврши со три гола.
По натпреварот Мишевски истакна дека пред оваа генерација има светла иднина и покрај поразителните резултати на ова ЕП.
„Мислам дека дадовме се од себе. Според мене, не беше заслужена оваа разлика од 10 гола на крај за данската репрезентација. Се боревме на ова првенство и на овој натпревар, дадовме се од себе. Мислам дека оваа генерација има иднина. Се надевам, ќе ни следи голем успех во иднина. Можам само да се заблагодарам на публиката која дојде овде да и даде поддршка на македонската репрезентација. Публиката секогаш е нашиот осми играч и ни дава ветер во грб“, истакна Марко Мишевски.