„Имаме доволно леви бекови, среден е најпотребен“

На полусезона македонскиот првак Вардар единствено го напушти левиот бек Анте Кудуз. Новиот тренер Давид Дејвис засега работи со пола екипа и скенира со што располага. Не се најавени други заминувања, но кога станува збор за нови играчи, најпотребен е можеби среден бек.

„Како леви бекови ги имаме Оливие (Њокас), Талески, Бакари и Мишевски и мислам дека ни се доволни на таа позиција. Повеќе ни е потребен играч на среден бек и доколку носиме засилувања на полусезоната мислам дека таа е позицијата кон која би се насочиле. Зборувавме со Михајло на таа тема. Треба да се размисли, да се види и што има на пазарот, па потоа ќе донесеме одлука.“

Целосниот разговор со Давид Дејвис може да го прочитате подолу…

ИНТЕРВЈУ ДАВИД ДЕЈВИС: Вардар не е повеќе Ферари, сега е Бугати!