Шпанскиот стратег, Давид Дејвис, седнува на вардаровата клупа во тежок период за тимот, особено кога станува за позицијата која ја има во Лигата на шампионите.
Давид вели дека е свесен дека ова е истиот клуб, но со друг сопственик и поинаква екипа од онаа со која работеше пред три ипол години.
Расположен е за предизвик и во Скопје доаѓа со визија за нов клупски успех.
„Јасно ми е дека овој Вардар и оној од пред четири години не се исти. Секако, клубот е ист, но сопствениците се различни и постои голема играчка промена. Многу кратко време сум со екипата, само пет дена, за да можам да почувствував дали и оваа екипа ја има истата ’душа’ како претходно. Првичниот фит-бек е одличен, иако во моментов на располагање ја имам само пола екипа. Сите се фокусирани, отворени за соработка, слушаат што имам да кажам и се трудат да го исполнат она што го барам од нив на тренинзите. Ќе се потрудам да го вратам системот на игра кој му го донесе најголемиот успех на клубот. Секако дека ќе биде потребно време, но ќе се обидеме тоа да го направиме по краткиот пат. Полека ќе се приклучуваат и другите. Некои го знаат системот, некои не, но ќе се обидам во кратки и едноставни чекори да ги вметнам сите во работата. Засега изгледа добро и мислам дека секој ден ќе биде се подобро“, објаснува вардаровиот стратег и додава: „Мојата работа секогаш ја гледам како маратон, а не како трка на 100 метри. Сега стигнав во Скопје и работам со визија да направам еден успех, па втор, па трет и ќе видиме како ќе одат работите.“
Во продолжение прочитајте го целосното интервју со Давид Дејвис…
ИНТЕРВЈУ ДАВИД ДЕЈВИС: Вардар не е повеќе Ферари, сега е Бугати!