Поранешниот македонски репрезентативец, сега директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојовски ја бодри македонската репрезентација во Дебрецин во настапите на ЕП 2022.
Го сретнавме денеска на „загревање“ пред натпреварот со Црна Гора заедно со дел од македонските навивачи во навивачката база во Дебрецин.
„За мене е потешко е на трибините отколку на терен. Дефинитивно оваа репрезентација покажа дека има сила.Младите момци покажаа дека можат. Се надевам дека ќе го покажеме тоа и денеска на мечот со Црна Гора. Се надевам дека дека ќе ја повториме играта што ја прикажавме со Словенија и мислам дека ќе вроди со плод. Враќањето на Митревски, секако ни дава сигурност. Тука се момците кои покажаа и видовме дека можат. Се надевам дека ќе сочуваат сили и за натпреварот со Данска кој дефинитивно ќе решава. Денеска се надевам на добра, на квалитетна игра. Ако покажеме борба, а тоа верувам нема да изостане, ќе славиме победа против Црна Гора“ – изјави Наумче Мојсовски.
Натпреварот од 2.коло во А група меѓу Македонија и Црна Гора се игра денеска во салата „Феникс“ во Дебрецин со почеток во 18 часот.