Прва задача за Николов и Начевски, ќе му судат на домаќинот

Претставниците од Македонија меѓу судиите, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија првата задача на Европското првенство. Тие утре во рамки на 2. коло ќе му судат на домаќинот Словачка.

На средбата што се игра во Кошице во рамки на Групата Ф тие ќе го судат натпреварот меѓу Словачка и Литванија. Во оваа група утре се игра и дуелот Норвешка-Русија, а него се делегирани арбитри од Црна Гора.

Што се однесува до средбата меѓу Македонија и Црна Гора, за овој дуел се делегирани Миндаугас Гателис и Ваидас Мазејка од Литванија.

СУДИИ ЗА ДЕН 3

НАТПРЕВАРИ ОД 2. КОЛО (САБОТА, 15 ЈАНУАРИ)

ГРУПА А

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА

Мингаугас Гателис и Ваидас Мазејка од Литванија.

СЛОВЕНИЈА – ДАНСКА

Андреу Марин и Игнасио Гарсија од Шпанија.

ГРУПА Ц

ФРАНЦИЈА – УКРАИНА

Борис Мандак и Марио Рудински од Словачка.

ХРВАТСКА – СРБИЈА

Роберт Шулце и Тобијас Тонис од Германија.

ГРУПА Е

ЧЕШКА – БИХ

Жули и Шарлот Бонавентура од Франција.

ШПАНИЈА – ШВЕДСКА

Артур Брунер и Морад Салах од Швајцарија.

ГРУПА Ф

СЛОВАЧКА – ЛИТВАНИЈА

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Македонија.

НОРВЕШКА – РУСИЈА

Иван Павичевиќ и Милан Ражнатовиќ од Црна Гора.