Еден од ривалите на Македонија на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка ќе биде селекцијата на Црна Гора.
Голманот на Црногорците, Небојша Симиќ, вели дека шансите за триумф на некоја од селекциите на меѓусебниот двобој со Македонија се израмнети.
„Добро се познаваме со Македонија. Одигравме неколку контролни натпревари со нив, а на последната победивме со гол разлика. Мислам дека шансите на тој натпревар се 50-50. Тие имаат подолг континуитет на настапи на големите натпреварување, ракометот им е спорт број еден во државата, но мислам дека имаме реални шанси за добар резултат“, изјави Симиќ за „Побједа“.
Македонија го стартува континенталниот собир со дуел против Словенија на 13 јануари, на 15 ќе игра со Данска, додека последниот натпревар од групната фаза против Црна Гора на 17 јануари.