Ракометарите кои се дел од селекцијата на Белорусија први ќе се најдат во Унгарија и ќе почнат со адаптација на условите на Европското првенство со оглед на тоа што репрезентацијата ќе игра на турнир со домаќинот на шампионатот и ќе продолжи со подготовките.
Белорусите ќе учествуваат на турниро со Унгарија и Бахреин, а веќе задутре го имаат првиот дуел против домаќинот на ЕП.
За овој турнир селекторот Јури Шевцов повика 18 ракометари, а тие играчи ќе бидат и за Европското првенство бидејќи репрезентацијата ќе остане во Унгарија до почетокот на шампионатот.
Во составот на Белорусија имаше место за:
ГОЛМАНИ: Вјачеслав Салдаценка (Мешков Брест), Иван Мацкевич (Мешков Брест), Игор Черников (Диомидис, Грција).
КРИЛА: Никита Вајлупов (Мешков Брест), Андреј Јуринок (Мешков Брест), Владислав Кривенко (СКА), Евгениј Никанович (СКА).
БЕКОВИ: Олег Астрашапкин (ЦСКА, Русија), Владислав Кулеш (Келце, Полска), Матвеј Удовења (СКА), Кирил Самоило (СКА), Никлај Алехин (СКА), Вадим Гајдученко (Ст. Рафаел, Франција), Арцем Кулак (Чеховски медведи, Русија).
ПИВОТИ: Арцем Каралек (Келце, Полска), Вјачеслав Бохан (Мотор, Украина), Виктор Зајцев (Перм, Русија), Михаел Жила (СКА).
Белорусите, сепак, после турнирот ќе се преселат, но во Братислава каде што ќе играат во Групата Д заедно со селекциите на Германија, Австрија и Полска.