Селекцијата на Македонија и денеска ќе одигра натпревар против Израел, а ова ќе биде последната контрола во подготовките за Европското првенство.
После вчерашниот триумф од 31:28 денеска ќе се бара нова победа така што составот на Македонија е одново во предност и се очекува да продолжи со истото ниво на игра. Доколку оди според планот ова ќе биде уште еден натпревар на кој Македонија би требало да дојде до триумф и на најдобар можен начин ќе го најави шампионатот.
И денеска средбата се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 18 часот. И овој пат без присуство на публика.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
15:00ч
АСТРАХАНОЧКА – КРАСНОДАР (Русија, Супер женска лига)
16:00ч
РОСТОВ ДОН – ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД (Русија, Супер женска лига)
17:00ч
ЛЕГНИЦА – СТАРТ ЕЛБЛАГ (Куп на Полска, жени)
18:00ч
МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ (Пријателска средба)
19:00ч
ЕСЛОВ – БОДЕН (Шведска 2, жени)