По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата голман се номинирани:
МАРТОН СЕКЕЉ (Еурофарм Пелистер) – Дојде тивко во тимот од Битола, но успеа да се покажа како одлично засилување и како играч кој може многу да помогне.
ДАНИЕЛ ДУПЈАЧАНЕЦ (Металург) – Еден од најискусните ракометари во таборот на Металург, кој и годинава покажа како треба да се бори за боите на клубот.
БЛАГОЈЧЕ ТРАЈКОСКИ (Еурофарм Пелистер 2) – Со своето искуство беше лидер на теренот во вториот состав на Еурофарм Пелистер на сите натпревари сезонава.
ГРАДИМИР ЧАНЕВСКИ (Бутел Скопје) – Покажа дека со своето искуство е големо засилување за тимот на Бутел Скопје, а на секоја средба беше еден од играчите кои редовно имаа голем број на одбрани.
НИКОЛА МАТОВИЌ (Струга) – Репрезентативецот на Црна Гора блескаше на голот на стружани во есенскиот дел од сезоната.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.