Репрезентативците на Македонија денеска ќе имат можност за нова контрола, а таа ќе биде против селекцијата на Израел.
Натпреварот денеска се игра од 18 часот во Скопје во салата во СЦ „Борис Трајковски“, а ова ќе биде можност да се види до каде е формата после речиси две недели подготовки.
Ова е првиот од двата натпревари, а вториот се игра утре исто така против Израел. Воедно тоа ќе бидат последните тестови бидејќи до заминувањето за Унгарија само ќе се тренира.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
18:00ч
МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ (Пријателска средба)
19:00ч
САВЕХОФ – КАРА (Шведска 1, жени)
СКУРУ – ОНЕРЕДС (Шведска 1, жени)