Репрезентацијата на Данска која е последниот противник на Македонија во првата фаза на Европското првенство, конечно има противник за одигрување на контролни средби, а место еднаш двапати ќе ги одмери силите против селекцијата на Норвешка.
Откако беше откажана Златната лига Данска остана без противници за спарингување пред Европското првенство.
Сега откако падна договор со Норвешка ќе може да се одиграат две средби на 6 и 9 јануари што ќе биде генерална проба пред натпреварите од шампионатот.
Данска во Дебрецен стартува против Црна Гора, а потоа следува дуел против Словенија. Македонија и Данска ќе играат на 17 јануари.