Машката репрезентација е пред ново големо натпреварување, Европското првенство во Дебрецин. Со нов селектор, Кирил Лазаров, нова енергија и стари амбиции влегуваме во битките со Словенија, Данска и Црна Гора.
Во новогодишното интервју за 24ракомет Филип Кузмановски, еден од златната генерација момци кои на СП 2017 во Алжир стигна до шестото место го прашавме дали мисли дека конечно таа селекција ќе дојде до израз во А репрезентацијата?
„Најважно е што Кире има доверба во нас. Сите сме искусни веќе, а тој има добра стратегија и пристап. Фактот дека не познава од претходно и играчки и карактерно игра голема улога. Точно знае секој што и како може да даде и во вметнува тоа во некој негов систем и не тера да веруваме дека можеме. Ни укажува на тоа дека сите репрезентации растат, играат модерен ракомет и тој тренд мора да го следиме и ние. Верувам дека на довербата ќе му возвратиме со добар резултат. Знаете и со другите селектори Кире беше играч – предводник внатре на теренот. Тој донесе некоја нова енергија, таа убава атмосфера која тргна од првиот негов меч како селектор со Данска трае уште.“
Подолу прочитајте го комплетното интервју со македонскиот репрезентативец…
ИНТЕРВЈУ ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ: Јас сум борец, сонувам да освојам медал со Македонија!