Еден од новите предводници на националиот тим, Филип Кузмановски, открива дека доцна почнал да тренира ракомет, 15-16 годишна возраст.
Битолчанецот вели дека само големата посветеност и желба го довела до таму каде што е денеска.
„Бев навистина талентиран за спорт, за сите спортови и настапував за сите училишни екипи (фудбал, кошарка, одбојка, ракомет). Активно тренирав фудбал во младинските екипи на ФК Пелистер, но кога почнав да растам се појавија и здравствени проблеми со колената и зглобовите и морав да направам пауза. Не можам да се пофалам дека бев добар ученик ама за спорт бев прв (се смее). Паметам игравме државно првенство во ракомет во Битола и станавме прваци, се направи некоја убава атмосфера, еуфорија и во тој период некако се ме влечеше кон ракометот. Доцна почнав да тренирам во клуб, на 15-16 години во младинската екипа на Пелистер под водство на Игор Николовски – Ќани. Тој ме откри и многу се трудеше, работеше со мене и не знам како да му се заблагодарам за сето она што го стори за мене. Паметам ме будеше во шест часот наутро да одиме да тренираме во паркот и на секое дрво да правам финта (се смее), да трчам на планината, ме земаше, ме враќаше дома. Ги минав сите млади категории и стигнав до првиот тим на Пелистер. Во тоа време клубот имаше финансиски проблеми, па имавме шанса и простор и ние помладите да играме повеќе и така се развив како играч“, се потсети на почетоците Кузмановски.
Подолу може да го прочитате целосното интервју со интернационалецот…
ИНТЕРВЈУ ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ: Јас сум борец, сонувам да освојам медал со Македонија!