НАЈ НАЈ НАЈ ФОТОГРАФИЈА: Јакобсен им се поклони на кралот Лазаров и фалангата

На 11 март во СЦ „Борис Трајковски“, Македонија забележа неверојатен резултат победувајќи го светскиот првак Данска со 33:29.

Тоа беше првиот натпревар на Кирил Лазаров како селектор на Македонија и имаше тројна улога.

Беше репрезентативец, капитен и селектор на Македонија на натпреварот на кој никој не очекуваше вакво деби на најдобриот ракометар на сите времиња.

Лазаров ја водеше Македонија до победа, а селекторот на Данците, Николај Јакобсен после средбата мораше да признае и да честита.