Александар Царчев, македонскиот тренер на голмани во репрезентацијата на Саудиска Арабија, се радува само на победи во подготвителниот период.
Саудијците се подготвуваат за настапот на Азискиот шампионат во јануари, а за таа цел досега одиграа четири пријателски натпревари.
На сите натпревари избраниците на Дидие Динар забележаа победи, а едни од најдобрите поединци се голманите со кои работи македонскиот стратег.
На пријателски турнир во Дамам, Саудиска Арабија беше подобар од Мароко и славеше со 34-21, потоа над Бахреин со 25-24, а на турнирот во Чиети за старт беше совладана Белгија со ист резултат, 25-24.
Азискиот шампионат ќе се одржи во Дамам, најдобрите пет селекции ќе обезбедат место на Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година.
Саудиска Арабија се наоѓа во групата Б заедно со селекциите на Иран, Австралија и Индија.