Оваа сезона дефинитивно е завршена за еден од членовите на Мешков Брест, Артем Селвасјук. Пикерот на белорускиот шампион пред околу осум месеци во натпревар од домашниот шампионат заработи повреда на вкрстените лигаменти на коленото, а лекарскиот тим на клубот утврди дека е неопходна операција и пауза од подолг временски период.
Селвасјук целосно се опорави до месец ноември и во текот на новата сезона одигра неколку натпревари во шампионатот на Белорусија и во рамките од Лигата на шампионите.
Сепак, во последните неколку недели, Селвасјук чувствувал постојани болки на местото на направената операција. По извршените прегледи било утврдено дека е потребна втора хируршка интервенција. Втората операција ќе биде извршена во Варшава.
Тренерот Дани Гардо ги има на располагање Владимир Врањеш и Вјачеслав Шумак. Мешков Брест на 2 март на свој терен ќе го пречека Вардар во дуел од Лигата на шампионите.