Со одигрувањето на последните натпревари од машката кадетска лига и од женската пионерска лига беше спуштена завесата на клупскиот ракомет во Македонија.
Во групата А кај кадетите, Тиквеш на домашен терен го победи Борец, додека Младост славеше против Бисинов.
Во групата Б, пред меѓусебниот двобој напролет, тимовите на Бутел Скопје и Голден Арт стигнаа до четвртите победи.
Во групата В, тимот на Вардар немаше големи проблеми на гостувањето кај Куманово да го собере целиот плен, а Пролет на домашен терен не дозволи изненадување против Металург РА.
Кај пионерките, Ѓорче Петров стигна до третата победа во третиот натпревар, а таков е случајот и со Делчево Вардар во групата Б. Во групата В, прилепчанки се на максимум.
Пролетниот дел во младинските конкуренции стартува во март.
Кадети, 4 коло, резултати:
Група А
Тиквеш – Борец 23-21
КЛ7 Свети Николе – Текстилец 26-19
Младост Богданци – Бисинов 42-25
Група Б
Бутел Скопје – Ангели Волково 42-28
Аеродром – Металург 33-46
Работнички – Голден Арт 0-10 сл.
Група В
Пролет – Металург РА 35-32
Македонија ЃП – Алкалоид 27-44
Куманово – Вардар 20-27
Пионерки, 3 коло, резултати:
Група А
Скопје – Ѓорче Петров 15-18
Шампион – Илинден Вардар 18-15
Група Б
Брегалница Плус – Астибо 21-27
Струма – Делчево Вардар 14-21
Група В
Стружанка – Деспина 13-19
Пелистер слоб.