Неколку бразилски репрезентативки го искористија настапот на Мундијалот во Шпанија да го посетат легендарниот стадион „Камп Ноу“.
Бразилките, кои завршија на шестото место на СП, имаа шанса да го посетат и музејот на спортското друштво Барселона.
На „екскурзија“ на „Камп Ноу“ беа Барбара Аренхарт, Лариса Араухо, Адриана Кардосо, Таис Фермо и Џулија Гуареиро.
„Водич“ на бразилската група беше членот на Барселона и бразилски репрезентативец Тијагуш Петруш.