Тимот на Металург остана без странските засилувања од стартот на сезоната – левото крило Улисес Рибеиро и средниот бек Халил Озтурк.
Во Битола за мечот со Еурофарм Пелистер 2, тренерот Иван Марковски поведе десетмина ракометари, меѓу кои единствен странец е Златко Хорват.
Тука е голманското трио – Дупјачанец, Брестовац и Бардакоски, пикерите Петров, Митиќ и Лазаревски, дефанзивецот Велко Маркоски, како и крилата Субашевски и Петковски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Металург се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:30 часот.