Жешка шлаканица за Келце – Митревски и Порто слават сензационален триумф!

Екипите на Порто и Келце одиграа интересен и максимално неизвесен натпревар во рамки на 10. коло од Лигата на шампионите. После голема борба Никола Митревски со својот тим на домашен терен славеше победа од 29:27, а македонскиот голман придонесе со пет интервенции.

Келце имаше одличен старт на мечот, Карачиќ, Карелек и Кулеш обезбедија водство на гостите од 1:5 после десетина минути игра. Порто веднаш одговори и започна да ја топи негативата. Веќе во 20. минута беше израмнето 10:10.

Во последната третина од првиот дел се играше гол за гол и на полувремето беше нерешено 14:14. Во продолжението Порто подобро отвори и создаде предност од два гола. Во текот на целото второ полувреме успешно ги одбиваа нападите на Келце за конечен триумф.

Најефикасен во составот на Порто беше Педро Круз со седум погодоци, додека Мартинс и Фернандес погодија по пет пати. Во составот на Келце се истакна Каралек со седум гола, а Душебаев постигна пет погодоци.

Со овој триумф Порто и Митревски избегаа од дното на табелата и на седмото место имаат седум бода, еден помалку од Мотор и два помалку од Фленсбург. Со тоа остануваат во игра за пласман во нокаут фазата. Келце и покрај поразот остнува на врцот на табелта.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107