ДРАМА во Париз – ПСЖ водеше со шест гола против Барса, на крајот се спаси од пораз

Тимот на ПСЖ успеа да освои бод против европскиот првак Барселона, откако во финишот губеше со три гола разлика, но може да жали и што не стигна до триумф, бидејќи во првиот дел имаш шест гола предност, ама не знаеше како да ја сочува.

По почетните 2-2, домаќинот се одлепи на плус шест, а европскиот првак немаше решение за различниот напад на ПСЖ. Беше и 9-3, а за момент Барса се врати на пристојни минус три, 9-6.

На голот на каталонскиот гигант застана Масиел, кој одбрани и пенал на Хансен, па Барса стигна на минус еден, 16-15. Сепак со погодокот на Конку, ПСЖ замина со плус два на пауза, 17-15.

Во вториот дел, по пет минути игра, Ремили донесе 20-16 за домаќинот, но во продолжение се разбрани Де Варгас, па Барса направи комплетен пресврт и поведе со гол разлика, 20-21. Имаше шанса да зголеми водството, но голманот Женти на два пати му одбрани шут на Гомез.

Али Зеин доби црвен картон за еден старт над Стеинс, но тоа не ги вознемири каталонците. Напротив, првпат преку Циндриќ поведоа и со два гола, 22-24 во 49. минута.

Беше и 23-26, но Соле го остави ПСЖ во игра со голот за 26-27 на три минути до крајот, а Ремили донесе реми во следниот напад. Барса доби пенал кој го реализираше Гомез, но и Гребиј погоди на спротивната страна.

На катаолонците им останаа петнаесетина секунди за победнички гол, но не брзаа премногу, па мечот заврши реми, 28-28. Најдобри стрелци кај ПСЖ беа Соле со осум и Ремили со шест гола, додека кај Барса, Лангаро постигна седум погодоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064