Тимот на Фленсбург славеше над Веспрем со 30-27 и остана во игра за осминафиналето, но сега ситуацијата на дното на табелата е заплеткана, па сите опции се во игра.
Веспрем водеше со 3-4, но Готфридсон, Гола и Ване со три гола во серија му донесоа предност на домашниот тим од 6-4. Си го фатија редот избраниците на Махула и по петнаесетина минути имаа пус шест, 11-5. Не се смени ништо посебно до крајот на првиот дел. Фленсбург си ја одржа разликата од четири до пет гола разлика, и на пауза се замина со 16-12.
На стартот на вториот дел серија на домашните од три гола за 19-12, а беше и 21-14. Тогаш Веспрем малку ја стегна одбраната, Штрлек на два пати и Мае погодија за 21-17 и поднослива негатива. Унгарскиот тим уште повеќе се врати во игра, беше и 22-20 на петнаесетина минути до крајот. Ване со голот од пенал на Фленсбург му донесе навидум безбедни 26-22, но тука почнаа возбудувањата.
Веспрем погоди три пати во серија, Штрлек имаше шанса да израмни на пет минути до крајот, но не успеа. Казната стигна на спротивната страна, па Ларсен погоди за 27-25. Беше 28-26, Буриќ одбрани нов шут на Веспрем и Ларсен уште еднаш стрела за 29-26.
Тука беше крајот на надежите на гостите за барем бод од ова гостување, па победата остана за Фленсбург. Најдобар стрелец кај домашниот тим беше Ларсен со седум и Гола со шест гола, додека кај Веспрем се истакна Маргуч со шест погодоци. Блескаа голманите на двете страни – Буриќ имаше 17 за Фленсбург, додека Коралес собра 15 интервенции.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б
ТАБЕЛА