Ракометарите на Вардар ги очекува тешко гостување во Лигата на шампионите кај хрватскиот првак Загреб.
За разлика од досегашната пракса, „црвено-црните“ не отпатуваа ден порано пред двобојот. Тие денеска во 11:00 часот ќе полетаат за хрватската престолнина.
По краткиот одмор ќе се упатат кон „Сутинска врела“, каде ќе се игра натпреварот со „плинарите“, а веднаш потоа се враќаат и во Скопје би требало да биде во 03:00 часот наутро.
Натпреварот меѓу Загреб и Вардар се игра вечерва во 20:45 часот.