Интернационалецот од Македонија во првенството на Шпанија, Дарио Петровски имаше добар настап на последната средба против Атлетико Новас, на која неговиот тим Гвадалахара дојде до победа од 32:23.
На овој натпревар Петровски успеа да постигне три погодоци, со кои имаше придонес во победата. Покрај тоа имаше и едно исклучување заработено во 24 минута од натпреварот.
Со оваа победа тимот на Гвадалахара стигна до третиот триумф сезонава во Групата А од 2. лига на Шпанија. Новите бодови ја поставија екипата на Гвадалахара на 4. позиција со осум бодови. Исто толку има и тимот на Новас, но има послаба гол разлика.