Женската младинска селекција на Полска е претпоследниот учесник од Европа на Светското првенство во Словенија следното лето.
Полските репрезентативки ги совладаа Црна Гора со 31-19 и Италија со 25-17 на квалификацискиот турнир во Подгорица и со првото место добија мундијалски билет.
Полска беше финалист на ЕХФ шампионат за младинки во Скопје и така доби место во квалификациите за СП, па сега има се придружи на други 13 европски селекции на Мундијалот.
Последниот учесник од Европа на младинското СП ќе биде познат во март 2022 година кога ќе биде одигран вториот квалификациски турнир во Австрија. Таму ќе настапат домаќинот, Холандија (прво место од ЕХФ шампионатот во Скопје) и Литванија.
Младинското СП ќе се игра од 22 јуни од 3 јули во Целје и Љубљана, а освен Словенија, од Европа таму ќе играат Полска, Унгарија, Русија, Франција, Шведска, Романија, Данска, Хрватска, Германија, Норвешка, Чешка, Швајцарија и Словачка.