ПИК Сегед му го нанесе вториот пораз на Вардар во седум дена откако славеше и на дуелот во Скопје со 30:27 после катастрофалниот почеток на шампионот на Македонија.
Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор на прес-конференцијата беше многу задоволен од победата и од изданието на неговиот тим.
„Јас сум среќен и многу горд на мојот тим, одигравме одличен натпревар од почетокот. Научивме многу од првиот натпревар против Вардар во Сегед. Одигравме многу добра одбрана и Миклер имаше добри одбрани. Продолживме многу добро во нападите и имавме седум гола предност на полувреме. Во второто полувреме беше потешко да се игра, промашувавме и шутеви дури и од шест метри што им овозможи на играчите на Вардар да се вратат во мечот. Сепак, се вративме и успеавме да го приведеме натпреварот до победата. Беше тешко да се игра во ваква атмосфера, им честитам на навивачите на Вардар, а исто така и на нашите фанови кои уште вчера дојдоа во Скопје да не поддржат“, рече Пастор.
Дејан Бомбач имаше пофални зборови за атмосферата и теренот, а исто така истакна дека ја исполниле целта за која дојдоа во Скопје.
„За нас играчите навистина е едно од најубавите доживувања да играме тука, атмосферата е феноменална. Вардар годинава игра многу подобро од претходната, започнаа да градат нешто и мислам дека ќе дојдат таму каде што им е местото. Дојдовме тука по двата бода и си одиме со нив, целта на нашате екипа е јасна да бидеме први во групата. Овие два бода се златни за нас, знаевме што не чека тука и издржавме, заврши Бомбач.
Со оваа победа екипата на ПИК Сегед го прескокна Кил на табелата и се искачи на второто место со само еден бод помалку од водечкиот Монпелје.
Петти пораз за Вардар во серија, алармот е вклучен на најсилно црвено
Дибиров доби овации од публиката и подароци од клубот за 1.000 гола во ЛШ (ФОТО)
Вујовиќ: И јас сум разочаран исто како навивачите, но борбата не е завршена
Талески: Жално е што не ја израдувавме публиката, но главата горе и одиме напред
Вујо: Дојдов да го спасам Вардар, ако некој мисли дека треба да си одам…
„Црвено-црниот“ брод закотвен во место, го доби петтиот тежок удар (ФОТОГАЛЕРИЈА)