Ракометарите на Борец ја остварија третата победа во групата А од Првата лига откако на домашен терен има добро издание и ја совладаа екипата на Јехона со 27:22.
После почетните 3:3 следуваше добра игра на Борец во одбрана што резултираше со три украдени топки и брзи голови од контра за водство од 6:3. Но ракометарите на Јехона возвратија и во 20. минута беше 7:7.
Во последните десетина минути од првиот дел повторно доминираше Борец, пред се играше добро во одбраната и на полувреме замина со највиската преднсот од четири гола 13:9.
Домашниот тим и во второто полувреме продолжи со цврста игра во одбраната и заработи вкупно десет исклучувања, но и покрај тоа сигурно го чуваше водството. До крај на дуелот без поголеми проблеми Борец стигна до победата и нови бодови.
Најефикасен на мечот беше Филип Сиљанов во тимот на Борец кој постигна осум гола, а шест гола постигна Кристијан Ристов. Во тимот на Јехона по пет гола постигнаа Михајло Живкоски и Адис Салиу.