Интернационалката од Македонија, Симона Гроздановска заедно со нејзината екипа Винтертур беа убедливо поразени на гостувањето кај Брул со резултат 36:29 во натпревар од 8. коло во шампионатот на Швајцарија.
Винтертур во првото полувреме беше рамноправен противник, имаше водство до првата половина од првиот дел, а на полувреме резултатот беше 16:15 за домашната екипа. Во второто полувреме, Брул со серија на голови успеа да го скрши отпорот на својот противник.
На овој натпревар, Гроздановска повторно беше најефикасна во нејзината екипа со 11 постигнати погодоци. Ова е шести натпревар (од осум) оваа сезона на кој Македонката дава двоцифрен број погодоци, а петти на кој даде 11.
На табелата, Винтертур се позиционираше на 4. позиција со десет освоени бодиви. Во следното коло, Гроздановска и нејзините колешки на свој терен ќе се соочат со третопласираната екипа, Нотвил.