Никола Митревски и Порто откако доживеаја дебакл во Лигата на шампиони на гостувањето во Париз кај ПСЖ се вратија на победите и во домашното првенство на гостински терен ја декласираа екипата на Боа Хора со 23:38.
Репрезентативниот голман на Македонија уште еднаш беше на висината на својата задача и за едно полувреме собра осум интервенции, односно 36% одбраниети удари.
Порто доминираше во текот на сите 60 минути, уште по првите 30 минути беше на чекор до победата кога водеше 9:20. Второто полувреме беше рутински одработено за нови бодови.
Порто и Митревски ја остварија десетата победа во исто толку натпревари во домашното првенство и остануваат на врвот на табелата со Спортинг со по 30 бода. Во следното коло Порто ќе гостува на Санхоаненсе.