Заврши сезоната за словенечката репрезентативка Барбара Лазовиќ. Таа беше оперирана во Мадрид и сега ќе треба да мине долг процес на рехабилитација од најмалку шест месеци.
Десниот бек на ЧСМ Букурешт ги скина предните вкрстени лигаменти на едно од колената на натпревар од романскиот шампионат.
Повредата не само што ќе ја оддалечи од клупските натпревари и од настапите за ЧСМ Букурешт во Лигата на шампионите, туку ќе го пропушти и настапот за Словенија на Светското првенство.
Лазовиќ со успех го носеше дресот на Вардар четири сезони, од каде што замина во Романија, а потоа имаше и кратка авантура во црногорскиот првак Будуќност, пред повторно да се врати во ЧСМ Букурешт.