Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров со својот Нант имаше успешен настап во 10. коло од првенството на Франција и на гостувањето кај Шарт оствари триумф од 33:27.
После воведните минути израмнета игра, Нант ја презема контролата на резулатот и одржуваше водство до 20. минута. Шарт успеа да се врати со серија од 5:0 и поведе првпат со 11:10. Сепак, до крај на првиот дел Нант направи уште еден пресврт и на полувреме имаше предност од 17:14.
Во продолжението на натпреварот Лазаров и соиграчите играа сигурно и без поголеми проблеми го водеа мечот кон победа. Во 47. минута беше 27:19 резултат кој им овозможи на ракометарите на Нант опуштен финиш и нови бодови.
Кире Лазаров немаше ефикасен настап и во триумфот на својот тим придонесе со два погодоци. Убедливо најефикасен во победничкиот тим беше Валеро Ривера кој постигна 12 погодоци.