Мешков и по седум кола не знае за победа, Загреб „украде“ бод од Брест

Ракометарите на Мешков Брест и по седум кола во Лигата на шампионите не знаат за победа. Иако имаа шанса да го забележат првиот триумф, на крајот мораа да се задоволат само со еден бод откако одиграа 30-30 со хрватскиот првак Загреб.

Во првиот дел „плинарите“ има на неколку пати предност од три погодои, 2-5, 4-7, но трпеливите домаќини стигнаа до реми 8-8 по петнаесетина минути. Се играше гол за гол во продолжение до 11-11, пред Чупиќ да зголеми на плус два за Загреб, 11-13. На пауза се замина со истата предност за гостите, 13-15.

Избраниците на Ивица Обрван имаа одново плус три во вториот дел, 17-20, но набрзина ја загубија стекнатата предност и Мешков израмни на 21-21 во 43 минута од натпреварот.

Во продолжение се играше гол за гол, а двата тима се менуваа во водството. Во последните пет минути се влезе со резултат 27-27 и беше најавена драма. Кога останаа да се играа 80 секунди, Шумак израмни на 30-30. Обрван викна тајм-аут, но „плинарите“ не реализираа и Јуринок имаше можност да донесе победа, но Мандиќ го одбрани неговиот удар и мечот заврши 30-30 и поделба на бодовите.

Најдобри стрелци кај Мешков беа Кашпарек со шест и Шумак со пет гола, додека кај Загреб се истакнаа Чупиќ со седум гола и голманот Мандиќ со 13 одбрани.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ870114
2ПСЖ ХЕНДБОЛ860212
3СПОРТИНГ851211
4ДИНАМО БУКУРЕШТ850310
5ФУКСЕ БЕРЛИН84048
6ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР81254
7ХК ФРЕДЕРИЦИЈА81163
8ВИСЛА ПЛОЦК81072