Десподовска и Кобиржице поразени во дербито од Љублин

Интернационалката од Македонија, Зорица Десподовска, и нејзината екипа Кобиржице беа поразени во дерби натпреварот против првопласираната екипа, Љублин, со резултат 27:23.

Во текот на целиот натпревар, домаќинките ја контролираа играта на терен. На полувреме, Љублин имаше солидна предност од шест гола разлика, 15:9. Во вторите 30 минути, Десподовска и нејзините колешки стигнаа до минус два, 20:22, но до крајот немаа доволно сила за пресврт.

Македонката на овој натпревар беше меѓу најефикасните во екипата на Кобиржице со три постигнати гола. По 11 одиграни натпревари, Кобиржице се наоѓа на третото место со 18 бодови.

Доколку екипата на Десподовска во преостанатиот дел од сезоната ја задржи моменталната позиција, тогаш за следната сезона ќе избори учество на европска сцена.