Првиот стрелец на Вардар, Тимур Дибиров најавува нов добар натпревар на кој Вардар ќе се обиде да дојде до бодови.
Со оглед на тоа што досега се освоени само пет бода и тоа на првите три средби нема право на нови грешки односно на нови порази.
„Нѝ претстои тежок натпревар против Пик Сегед, но сакаме да дојдеме до победа. Ни недостигаат бодови. Очекувам машки и сериозен дуел. Ќе биде тешко, тоа е сигурно, но ние не се предаваме. Одиме да се обидеме да победиме во Унгарија“, коментира најефикасниот вардарец, Тимур Дибиров.
Средбата против Пик Сегед е од 7. коло, а се игра во Унгарија в четврток со почеток во 18:45 часот.