Екипата на Порто каде што настапува Никола Митревски имаше сигурно издание во 9. коло од првенството на Португалија и на домашен терен ја совлaда екипата на Гаjа со 33:30.
Никола Митревски уште еднаш имаше добро постигнување за својот тим и во победата придонесе со седум интервенции. Тренерот Андерсон уште еднаш ja подели минутажата на двајцата голмани Франдсен и Митревски.
Порто уште во првиот дел беше блиску до победата кога водеше со 16:11, а во второто полувреме имаше и девет гола позитива. Во финишот Гаја само успеа да го ублажи поразот.
Никола Митревски и Порто остануваат на врвот на табелата после девет одиграни кола со девет победи исто како и Спортинг. Во следното коло шампионот на Португалија гостува кај Боа Хора.